Во интервју за весникот „Ворт“, премиерот Зоран Заев ја признава разочараноста за испораката на вакцините од ЕУ.
„Би било нечесно ако не признам дека ЕУ нѐ разочара со набавката на вакцини за коронавирусот. Но ни рекоа дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините“, вели Заев.
Сепак, тој се заблагодарува за помошта на ЕУ во делот на заемите.