Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2020 година, македонските домаќинства должат 201 милијарда 668 милиони денари или околу 3,3 милијарди евра на македонските банки.
Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 102 милијарди 746 милиони денари или 1,67 милијарди евра.
Потоа следуваат станбените кредити со износ од 59,054 милијарди денари или околу 960 милиони евра.
На кредитните картички граѓаните се задолжиле 22,44 милијарди денари , а на трансакциските сметки 13,60 милијарди денари.
За реновирање на деловен простор должат 793 милиони денари.
Износот на автомобилските кредити е 288 милиони денари.
За кредити по други основи граѓаните должат 2,74 милијарди денари.