Македонскиот визуелен уметник Злато Крстевски е застапен со две оригиналнии дела работени на тема „Иновација“, техника лавиран туш во боја, во новата публикувана меѓународна антологија „The Best Cartoons of NIPPON“. На 112 страници со биографски рефенци се селектирани 120 уметниции од 30 земји.
Делата беа изложени во рамки на интернационалниот фестивал на современ стрип и карикатура во Саитама Сити Јапонија кој се одржуваше во „The Saitama Municipal Cartoon Art Museum“ кон крајот на минатата година.
„Градот Саитама е дом на Ракутен Китизава таткото на модерната манга уметност, каде е поместен и самиот музеј. Радост е да се погледнат иновациите од целиот свет креирани во уметнички дела“, рече во уводната порака градоначалникот Хајато Чимицу.
Во 2018 беше откупено едно дело од Крстевски за колекција во музејот.