Во што ли се претвори болницата во Прилеп? Во хорор ли ? Знае ли менаџментот да менаџира со болницата ? Запраша на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конферернцијата ја пренесуваме во целост.
„Со полна уста се зборува за модуларната болница а таа не е во функција. Бројот на починати достигна до 291. Активните случаи се над 800. Дали овој нов бран ги изненади властите? Или како што велат вината е во граѓаните кои не се придржувале до препораките ?
Пациентите ли се виновни што мора да чекаат со денови за да се тестираат?
Пациентите ли се виновни што за преглед мора да чекаат со часови и часови?
Пациентите ли се виновни што не можат да закажат специјалистички преглед преку „ мој термин “речиси една година?
Дали е вистина дека докторите добиле усна наредба да примаат само итни случаи?
Ќе излези ли менаџментот да каже колку здравствени работници се позитивни на корона вирусот и дали болницата е ново жариште?
Наместо, министерот Венко Филипче да објавува секојдневна статистика за број на заразени починати и оздравени и да ретерира околу набавката на вакцини, нека се охрабри да дојде во болницата, а не во Општината, за да види како стојат работите на терен, да види како пациентите со часови чекаат во редица и молат за помош. Да провери на што ли се должи високата смртност?
Им изразуваме поддршка на лекарите, медицинските сестри и другиот персонал во нивната заложба за зачувуање на животите на граѓаните. И патем менаџментот да одговори дали за сите е исплатена ветената награда?
Апелираме властите да станат сериозни, да ја менаџираат здравствената криза и да го зачуваат здравјето на граѓаните!“, рече Петкоски.