Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицискиот час не го почитувале 23 лица.
„Полицискиот час од 22 часот на 17 март 2021 до 05 часот и утрово не го почитувале 23 лица, додека пак во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата за неносење лична заштита на лице регистрирани се 455 прекршоци“ – информира МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.