Според Светскиот индекс на среќата, четврта година по ред, Финска е прогласена за најсреќната држава на светот. За разлика од изминатите 8 години, новиот извештај вклучува и истражување како државите се справуваа со пандемијата на коронавирусот.
На врвот на листата без поголеми промени, па зад Финска се пласираа Данска, Швајцарија, Исланд и Холандија. Сите скандинавски држави се меѓу првите 10.
Македонија се најдува на далечното 94. место на листата која опфаќа 150 земји.
Истражувачите велат дека не е изненадување што Финска успеа да го зачува врвот, зашто таа секогаш котирала високо кога станува збор за заемна доверба. Таа се смета за еден од главните фактори кои помагаат да се заштитат животи и егзистенција во времето на пандемија.