Одржувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, што треба да се одржи од 1ви до 21ви април, освен со неповолната здравствена состојба, се соочува со уште еден проблем. Според податоците на Државниот завод за статистика, фалат реонски попишувачи во речиси сите општини во земјата. На 12 дена до пописот, само во Охрид недостигаат 127 реонски пошишувачи и тоа 108 Македонци, 12 Албанци и 8 од ромска националност.
Најмногу реонски попишувачи фалат во скопската општина Аеродром – 139, следат Карпош – 109, Центар 108, Тетово 101, Гази Баба 100 итн.
Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс, трет по ред, за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, за пописните реони каде недостигаат попишувачи.
Попишувачите кои ќе бидат на терен и ќе го спроведуваат пописот на населението ќе заработат и над 500 евра хонорар за ангажманот. Лицата кои ќе попишуваат на терен од 1 до 21 април, една недела пред пописот ќе имаат тестирање и подготовки за непречно и професионално изведување на статистичката операција.
До сега има пријавено околу 4 500 попишувачи, кои од следниот понеделник ќе започнат со тестирањето и обуката, а повиците за пријавување на попишувачите се отворени до сабота.
Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите.
Огласот трае од 18 до 20 март 2021 година и може да го видете тука.