„Слободен влез – Free entry“ изложба на дела од Марија Трпеска

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ денеска e отворена изложбата „Слободен влез – Free entry‟ од уметницата Марија Трпеска. Се работи за интересна поставка која се пренесува континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложбии неговото огромно визуелно искуство.

Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан  како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје.  Проектот  ќе продолжи и ќе се развие  во насока на нужноста  за промена на современите уметнички практики во Македонија, ќе отвори можност за понатамошни промислувања за општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за релацијата дело – гледач, или автор – критичар“, објаснува уметницата.

Марија Трпеска дипломирала во 2017 год. на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, насока ликовна педагогија, модул сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е сликарството, но истражува и со фотографијата и видео уметноста. Живее и работи во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи