Доколку се зголеми бројот на заболени следни мерки кои ќе се преземат се зголемување на времетраење на полициски час и скратување на работно време на кафетерии и ресторани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„Следни чекори би биле зголемување на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти. На почетокот на следната недела ќе правиме нова проценка, а сметам дека ќе имаме резултати од полицискиот час. Досегашните мерки се доволни, но ако има влошување, тогаш ќе мора нивно засилување“, истакна Филипче.