Јада: Разочаран сум од оваа сезона, но тоа ме направи да бидам посилен за следната Олимписка сезона

Facebook
Twitter
Email
Print

Официјалните трки за мене завршија пред неколку дена, доста сум изморен од оваа сезона иако имав драстично мал број трки во биатлон и нордиско трчање, не успеав да го постигнам она што го имав замислено. Изјави за Инфо Компас, нашиот репрезентатиивец во нордиско скијање и биатлон, Ставре Јада.

„После онаа сезона 2017/18 пред олимпијадата во Пјонг Чанг, оваа 2020/21 год беше за мене една од најтешките сезони во мојата 8-годишна кариера. 7-мо и 9-то место на Мавровскиот Меморијал беа клучот за падот на мојата самодоверба и од тука почнаа редица на лоши стартови кои ги имав во месец февруари. Разочаран сум сам на себе од оваа сезона, преку летото не се реализираа некои клучни подготовки поради ковид ситуацијата, но оваа сезона ќе ме направи по силен за следната Олимписка сезона“, велии Јада.

Оваа сезона изминал 6.800 км во тренинг. Сега му следувал 2-неделен одмор и потоа ја почнува новата олимписка, а се надева дека уште во август месец ќе ги покаже резултатите на почетокот на летните ролер ски натпревари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи