Тринаесет мигранти од Пакистан биле откриени синоќа близу железничката станица во Криволак, за МИА потврдија денеска од МВР.
„Синоќа во 17.20 часот во близина на железничката станица во Криволак, полициски службеници од СВР Велес и ЕБР пронашле група од 13 лица – мигранти, сите од Пакистан. По приведувањето тие биле предадени во Прифатниот центар „Винојуг” во Гевгелија“, појаснија од МВР.