Видеото што беше објавено на страницата „Струмица онлајн“ ја вознемири јавноста. На снимката се гледа како поголема група луѓе со палки и тупаници тепаат еден маж. Во инцидентот се повредени 2 лица, нанесени им се телесни повреди.
Пред снимената тепачка, претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното, а која била иницирана поради тоа што еден од учесниците вознемирувал вработена во казиното, но и поради навреди на етничка база врз двајцата подоцна претепани жители на селото Баница.
Во моментов се прибираат и другите снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот.
20 лица се приведени во полициска станица, а меѓу повиканите за да даде исказ е и девојката која била вознемирувана.
Од СВР Струмица не сакаат да потврдат дали меѓу учесниците е и еден од членовите на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев иако такви информации се проширија во дел од медиумите. Тој на фејсбук демантираше дека бил вмешан во инцидентот, а како што вели „попатно распрашувајќи се“ дознал дека нападнатите лица не биле само двајца, туку 20 -тина луѓе од село Баница, кои со дрвја, камења и ладно оружје ги нападнале вработените во казиното.