Денес, 20 март е ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА СРЕЌАТА. Што е среќа? Тоа е нешто мало..? илии нешто големо? А можеме да го видиме? Дали среќата треба да ја бараме? ..не, таа е околу нас, доволно е да се научиме како да ја чувствуваме и како да не ја оддалечуваме од себе. Таа е секогаш со нас, до нас, како сенка.
Денес луѓе од Грција, Чешка, Полска, Италија, Франција, Германија и други земји споделуваат што за нив е среќата, за некој од нив е книга, за некој музика, некој кога поминува време со семејството и пријателите, а за некој помагањето на другите луѓе.
Секој од нас е среќен на некаков начин, тоа значи дека СРЕЌАТА ЈА ИМА НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ.
Денес одберете да бидете среќни, но и секој нареден ден.
Во продолжение ви споделуваме видео во кое луѓе од различни земји споделуваат што среќата претставува за нив, погледнете, можеби ќе најдете причина и вие да бидете среќни.. или едноставно не барајте причина, само БИДЕТЕ СРЕЌНИ.
Голема благодарност до сите кои беа вклучени во овој проект.
Ученик Правобранител Матеа Поповска и нејзиниот тим Pancakes
СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП