Колку значајни дела се напишани во она што денес го нарекуваме кафеана? Места на збиралишта, но и места на создавање. Колку кај нас кафеаната во денешно време пружа такви услови? Како денес се гледа на кафеаната? Дали е таа само декор?
Цели човечки драми се имаат случувано во кафеана: бракови, колкаво ќе биде нашето семејство, заљубеност итн. Неверојатни суптилни и емотивни моменти.
Слушнете го разговорот во далечната 1973 на неколку културни дејци: Глигор Чемерски, Живко Поповски, Јован Павловски и Радован Раѓеновиќ кои разговараат за културата на кафеаната во емисија на Телевизија Скопје.
„Кафеаната е извонредна можност за бегство на човекот. Бегство од едни норми на однесување, бегство од обврски – професионални, општествени, семејни“ – кажува еден од културните дејци.