Утре завршува полицискиот час, дали ќе има негово продолжение?

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување на полициски час по што надлежните државни органи ќе треба да решат дали и какви рестрикции ќе има во земјава. Односно, дали и натаму ќе има полициски час или некој друг вид превентивни мерки против корона вирусот. На одлуката ќе и претходни анализа на трендот на новозаболените во изминативе 12 дена, а во кој период варираа дневни податоци за бројот на новозаболените – од 284 па до 1.299 новозаболени лица.

Министерот за здравство Венко Филипче неодамна не ја исклучи можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати.

Ќе извршиме нова проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти. Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, рече вчера Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.

Во последниот период имаше забрзано полнење на интерните клиники. Се обезбедува дополнителен простор за лекување. Отворен е дел на пластична хирургија и едно одделение на приземје кои практично се на располагање. Филипче рече дека ќе се обезбедат дополнително 100 кревети. Сепак вчера само за едно деноноќие имаше дури 84 нови хоспитализации.

Тој ги повика вчера на состанок директорите на клиниките на „Мајка Тереза“ и на ГОБ 8 септември.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи