Министерот за здравство, Венко Филипче пред малку се огласи преку својот ФБ профил и извести дека полицискиот час кој што е на сила, продолжува.
„Полицискиот час продолжува. Забраната за движење е од 22:00 часот до 05:00 часот наутро. Комисијата за заразни болести во текот на следните денови согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни и дополнителни рестрикции. Апелирам на почитување на здравствените мерки и протоколите“, напиша Филиче.