По одржаните средби во Приштина, првиот вицепремиер Артан Груби денес и утре ќе престојува во Тирана, каде една од темите на разговор ќе биде и попишувањето на дијаспората.
„Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на Попис во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Груби на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот што се постигнува на пописот во дијаспората, укажувајќи дека благодарејќи на мобилизацијата бил прифатен апелот на влијателните Албанци и само во изминатиот ден биле регистрирани 23.000 државјани што живеат во странство. Со тоа, бројката на лица од дијаспората што се попишале надмина 120.000.
116