Нема нови седници на Собрание, петтиот пакет економски мерки ќе почека

 

 

Собранискиот спикер, Талат Џафери одлучи дека нема да има нови седници на Собрание, се додека не оздрават пратениците кои имаат ковид и владејачкото мнозинство да комплетира кворум од 61 пратеник.

Ваквата одлука  ја донесе Џафери кој ја откажа утрешната седница и ја одби понудата од ВМРО ДПМНЕ да се расправа само за економските закони, а не за сите 30 точки планирани од дневниот ред. Тој ја прекинал и понеделничката координација меѓу партиите со образложение дека нема да го крши деловникот, и ја обвинува ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на состојбата со ковид-позитивните пратеници па затоа предлагале, за него, неприфатливи ултиматуми за работа.

Џафери кажува дека не ги прифаќа барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се гласа само за законите за помош на економијата. Од опозицијата пак обвинија дека блокадата е од СДСМ и ДУИ.

На откажаната седница меѓу другите точки беа предвидени и предлозите од ВМРО ДПМНЕ – за поништување на пописот, осврт на здравствената состојба во земјава, и интерпелациите на министрите Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи