И официјално, полицискиот час во земјава од 22 до 05 часот продолжува уште две недели. Владата го прифати предлогот од Комисијата за заразни болести.
Засегa нема најава за воведување на нови мерки.
Новиот полициски час ќе трае најмалку до 6. април, до 05 часот, а потоа ќе се одлучува за негово продолжување.
И натаму, отстапки од забраната ќе има за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа. За слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.