До утрово највисока снежна покривка од 40 см во Маврови Анови, 39 Крушево, 33 Ѓуриште, 31 Попова Шапка, Пожаране, 26 Дебар, 24 Тополчани, 20 Битола, Претор, 15 Куманово, 14 Прилеп, 11 Тетово, 10 Берово, 7 Штип, 4 Кр. Паланка, 1 Д. Капија.
Утрово најстудено со -6 степени беше на Попова Шапка, -4 Маврово, -3 Крушево, -1 Дебар, Берово, Прилеп, 0 Охрид,Штип, Скопје-Петровец, Претор, Скопје Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Битола, 1 Виница, 2 Струмица 3 Гевгелија 4 Дојран.
Во текот на ноќта и утринава се задржа облачно со врнежи, кои беа претежно од снег. Поголеми количества воден талог до 01 часот имаше во западните делови од земјата. Утринава врнежите се од снег и се со слаб интензитет, а поинтензивен ветер дува на повисоко во Пелагонија.
Времето денеска облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.