МРТ: Гарванлиев останува македонски претставник на Евровизија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Комисијата за одговорност од македонската радио телевизија денеска донела одлука дека нема ништо спорно во тоа Васил Гарванлиев да ја претставува земјава на Евросонг.

Од таму велат дека боите од бугарското знаме во спотот биле само перцепција, а државјанството е лична слобода.

„Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи“ велат од МТВ.

Во јавноста се крена врева, поради два кадра на спотот кои беа протолкувани како спорни и активни беа 2 петиции каде бројни граѓани бараа од МРТ промена на евровизискиот претставник.

„Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи,“ објаснуваат од МРТ.

Од таму додаваат дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.

„Сепак, имајќи го предвид сево ова, а особено поларизираноста во нашето општество, Комисијата предлага за во иднина сериозно да се преиспита учеството на Јавниот сервис на меѓународни културни манифестации,“ се додава во соопштението.

Во Бугарија му дадоа поддршка на Гарвалиев, додека од партијата на Красимир Каракачанов порачаа дека ако Македонија не го прати на Евросонг, идната година тие ќе му дадат шанса да пее за нивната земја. Гарванлиев објасни дека поседува и бугарско државјанство и дека неговата баба е по потекло од околината на градот Петрич. Тој се извини до јавноста ако повредил некого.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи