Притвор за 49 годишниот маж кој ги претепал родителите бидејќи не му дале пари за роденден

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 49-годишно лице кое се товари дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, обвинетиот со умисла извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело. При вршење семејно насилство тој телесно ги повредил неговите родители.

Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, обвинетиот започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата.

Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи