Столтенберг го честита првиот роденден на членството на Македонија во НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

На денешниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честитал првиот роденден од членството на Северна Македонија во Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Многу сум горд што во петок го славиме првиот роденден од зачленувањето на Македонија во НАТО и му честитав на министерот за надворешни работи денеска на состанокот, ова е добро за Македонија и добро за сите сојузнички на НАТО“, рече Столтенберг.

Тој се заблагодари за придонесот на македонските воени сили во операциите на Алијансата ширум светот и посебно во Авганистан.

„Се сретнав со војници од Македонија во Авганистан, тие секогаш демонстрирале посветеност, храброст и професионалност во работата“, рече шефот на Алијансата.

На прашање за коментар околу наводите дека некои официјални лица од Македонија не добиле безбедносен сертификат за НАТО, генералниот секретар одби да коментира, но порача дека процедурите на ветинг во организацијата се строги.

„Процедурите на ветинг се секогаш многу важни за нас, тоа е затоа што е потребно да се осигуриме дека класифицираните документи се третираат правилно, ветинг процедурите се темел за размената на информации, а Македонија е високо вреднуван сојузник, и членството на Македонија е доказ дека вратите на НАТО остануваат отворени“, изјави Столтенберг.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи