Денеска 100 медиумски работници од Македонија се вакцинираа против КОВИД 19 во Заводот за јавно здравје Врање, со вакцината на „АстраЗенека“.
Вакцинацијата и ревакцинацијата беше одобрена на барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни. МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање.