Софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра лани го купил Генералниот секретаријат на Владата, кога со него раководел Драги Рашковски, a никој не го користи. Предмет за ова отвори и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме Рашковски е на одмор во Мексико.
За спорни аспекти од набавката, новинари од 360 степени се обиделе да добијат одговори директно од фирмата што го добила тендерот, но не биле добредојдени.
„Било каде да прекинете да ѕвоните, на било кој стан, инаку ќе повикам полиција!“, им рекле од зградата на „Охридска 37“.
Охридска 37 е адресата која во Централниот регистар и во тендерските документи фигурира како седиште на „Инвока Гроуп“, фирмата што лани изработила софтвер за мерење просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни, по нарачка на Генералниот секретаријат кога со него раководеше Драги Рашковски, пишува порталот.