Рама го пречека Груби со транспарент за пописот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, денес се сретна со премиерот Еди Рама.

„Задоволство е што денес во Тирана остварив средба со албанскиот премиер Еди Рама. Господинот Рама ме пречека со интересна порака, тој имаше напишано на еден бел лист: htpps: //census.stat.gov.mk.“ напиша Груби на неговиот Фб профил.

На средбата, Груби му рече на Рама дека е за поздравување фактот што меѓу двете земји немало и нема ниедно отворено прашање, дека речиси сите успеси се заеднички, и чекорот кон членството во НАТО и дури сега патот кон интеграцијата во Европската Унија.

Груби и Рама разговараа и за спорот што во последните месеци се реактуализира меѓу Северна Македонија и Република Бугарија, каде се согласија дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат само преку дијалог.

За време на состанокот, тие разменија мислења и за Коридорот 8, проект за кој Рама рече дека во Албанија тоа е владин приоритет, бидејќи е во интерес на земјата, но и на целиот регион, додека Груби од своја страна го информираше Рама дека во Северна Македонија се работи на завршување на изградбата на овој коридор.

Двајцата ја пофалија досегашната посветеност на дијаспората од Северна Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговориле позитивно на поканата за регистрација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи