Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 15 до 21 март, во општина Прилеп имало 407 новозаболени од коронавирус, додека од последици на коронавирусот починале 23 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 940, од кои 118 се наоѓаат на болничко лекување, 707 на домашно, а 115 се лекуваат во дневната болница.
Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 6.529, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 307 лица.