Влада: Повикување на бојкот на пописот е кривично дело

 

 

Повикувањето на бојкот на пописот е кривично дело според Кривичниот Законик (КЗ) – Организирање на отпор Член 387, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, на заедничка прес-конференција со неговиот колега Муамет Хоџа и со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

„Кривичниот Законик, Организирање на отпор Член 387 вели: Тој што ќе организира други форми на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“, го цитираше Арсовски Кривичниот законик.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи