Во моментов во прилепската болница се хоспитализирани 120 пациенти сместени во 5-те ковид центри : инфективното одделение, одделението за уво, нос и грло, очното одделение, гинекологија и еден дел од интерното одделение. Од овие 120 пациенти 84 се на кислородна поддршка. Во моментов слободни имало уште 16 кревети.
„Во последните неколку денови имаме благо намалување на пациентите на кои им е потребна кислородна поддршка. До овој момент во нашата болница имаме починато едно лице. Активно се работи на модуларната болница. Пред една недела се воведе струја, направивме пристапна рампа од паркингот до модуларната болница , а ќе се изгради и пристапна патека. Денеска се планира модуларната болница да се поврзи и со централниот довод на кислород. Денови се во прашање кога оваа болница ќе биде пуштена во употреба“, истакна Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.
Смилеска истакна дека се планира доколку не се зголемува бројот на Ковид пациенти, во модуларната болница да се префрлат пациентите од очното одделение и одделението за уво, нос и грло, а овие одделенија да се затворат како Ковид центри. Во моментов се разгледувале опциите дали може да се опслужат пациентите со сегашниот медицински кадар или ќе требаат нови вработувања.