Од 22.00 часот (23.03.2021) до 05.00 часот (24.03.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (23/24.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 631 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.