Пратениците од власта и опозицијата конечно ги надминаа несогласувањата и попладнево по скратена постапка ги изгласаа законите од петтиот пакет за економска помош за граѓаните и претпријатијата за полесно справување со Ковид-кризата.
Од вкупно 29 точки на дневниот ред на 36. седница која ја закажа спикерот Џафери, останаа само четирите за кои ВМРО-ДПМНЕ понуди кворум, а за редуцираниот ред гласаа 87 пратеници, односно речиси сите присутни во салата.
Експресно беа изгласани Законот за финансика помош за исплата на помош на физичката лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март, Законот за финансиска поддршка за работодавачите за исплата на плати за месеците февруари и март и Законот за данок за личен доход.