На вонредната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери договорено е од седницата која беше спорна да се извадат сите закони, освен оние кои се однесуваат на петтиот пакет мерки.
Дневниот ред ќе биде потврден денеска, а потоа веднаш ќе работи комисијата за финансирање и буџет. Пратениците денеска ќе продолжат со пратенички прашања, а од кои се откажаа избраниците од власта. Со ова практично постојната седница се претвора во ковид седница.
„Дијалогот вроди со плод. Барам пратениците од власат да го поддржат предлогот кој го бараме неколку дена, односно на дневен ред да бидат четирите точки за кој имаме договор“,вели координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.