За прв пат викендов ноќно скијање во Крушево

 

Овој викенд за прв пат туристите и крушевчани ќе можат да скијаат на ски терените во вечерните часови. Општина Крушево заедно со менаџментот на ски терените „Станич“ ги подготвија терените со нови ЛЕД сијалици и расчистување на стазите и нивна подготовка за скијање. Жичарницата и ски лифтовите ќе работат во текот на цел ден, а вечерното скијање ќе започне од 17 и ќе трае до 21 часот.

„Поставено е ново лед осветлување на скијачките терени ,,Станич”. Овој викенд започнуваме со ноќно скијање по сите здравствени протоколи, заедно со бизнис субјектот одговорен за менаџирање на ски терените. Само со нови и разнолики содржини ќе дојдеме до подобар локален економски развој, преку привлекување на домашни туристи почитувајќи ги протоколите да се прилагодуваме на новото нормално.За прв пат ноќно скијање во Крушево!“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи