Индија со одлука да запре извозот на вакцини на „Астра Зенека“ – дали ќе стигнат вакцините до Македонија?

 

 

Фабриката „Серум институт“ е најголем произведувач на вакцини во светот. Ковакс програмата на СЗО оттаму се снабдува со вакцините на „АстраЗенека“. Но поради појавувањето на „двојниот мутант на вирусот“ во Индија тамошните власти решија сите вакцини што се произведуваат да ги насочат кон сопствената земја.

Во образложението се наведува дека поради ова, мора да се забрза вакцинацијата во следните недели, за што ќе бидат неопходни сите вакцини произведени во Индија.

Официјални лица изјавија дека станува збор за привремена забрана, а владини извори велат дека таа може да трае до крајот на април, објавува ББЦ.

Денешната одлука на индиската влада ќе влијае на околу 190 земји кои ја очекуваат вакцината „Астра Зенека“ преку програмата на светската здравствена организација – ковакс, меѓу кои е и нашата земја

Со оваа одлука директно се погодени речиси 190 земји во светот кои ја очекуваат вакцината на „АстраЗенека“ преку програмата Ковакс на СЗО. Меѓу нив е и Македонија. Од СЗО веќе официјално беше најавено дека нашата земја ќе ја добие првата испорака на вакцини од Ковакс програмата до крајот на март.

Меѓу засегнатите се и големи земји како Велика Британија, Бразил, Саудиска Арабија, Канада и редица други силни економии и моќни држави. Канада, на пример, сѐ уште не може да добие ниту една од договорените 1,5 милиони дози од истата фабрика во Индија. Британија, пак, веќе доби половина од 10-те милиони нарачани дози, но од пред неколку дена извозот за Островот е запрен, што веќе предизвикува загриженост во Лондон дека тоа сериозно ќе ја забави програмата за вакцинација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи