Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ.
Неофицијално, извори од истрагата за „360 степени“ велат дека акцијата се спроведува со цел апсење криминална група која се занимавала со трговија на дрога. Приведени се 21 лице, при што се пронајдени и запленети пари, мобилни, дрога, автомобили.
Приведените во моментов се наоѓаат во Полициската станица Карпош, по што ќе бидат предадени пред обвинител, а потоа изнесени пред суд.
Акцијата ја координира и ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заедно со Министерството за внатрешни работи, а вклучени се специјалните полициски сили.
Од МВР најавуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.
128