ВКМ во настојување да најде решение за што побрза вакцинација и заштита на своите членови од КОВИД 19 во рамките на одличните односи и меѓусебната соработка со Ветеринарната комора на Србија, потврдена со Договор за соработка потпишан 2017 година, се обрати до истата со барање да посредува до Владата на Р.Србија да овозможи вакцинација на наши членови.
Денес на 26.03.2021 година од Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија преку ВКС сме известени дека нашите членови може да се вакцинираат во Ниш, со вакцината „Астра Зенека“ во недела и понеделник 28 и 29 март 2021 година.
Информацијата е проследена по е-маил до сите членови на Ветеринарната комора на РС Македонија, поради итноста, заинтересираните за вакцинација, најдоцна до утре 27.03.2021година (сабота) до 12.00 часот треба да внесат точни податоци и да се регистрираат во табелата која е линкувана во дописот.
Дополнителни податоци за точно место и време за вршење на вакцинацијата ќе добиете во текот на утрешниот ден.
Ја користиме приликата да упатиме јавна благодарност до Претседателот на Ветеринарната комора на Р.Србија д-р сци. Мишо Коларевиќ за личниот ангажман и до Владата на Република Србија за пријателскиот и хуман гест искажан кон вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во Република С. Македонија.
Претседател на ВКМ
д-р Томислав Николовски