ВИДЕО – Тунески: До каде е новиот театар? Уште едно лажно и нереализирано ветување на Јованоски!

 

Денес е 27 март, денот кога се одбележува светскиот ден на театарот, прашуваме каде е новиот театар? Остана ли предизборно ветување на Илија Јованоски градењето на новиот театар?  Уште едно лажно и нереализирано ветување на Јованоски кој не само на прес, туку и на трибина тврдеше дека ќе изгради театар во неговиот мандат. Истакна на денешната прес конференција Христијан Тунески, секретар на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Дали Градоначалникот им даде лажно ветување и на прилепските актери на средба во Општината? Градоначалник, имате уште 6 месеци од мандатот, а нов театар во Прилеп нема! Дали и понатаму ќе се замајува јавноста со најразлични изговори, дека се работи за реализација на новиот театар?

Одговорете им на граѓаните, кога Прилеп ќе има нов театар? Наместо да заглавувате во бирократски лавиринти можевте да го искористите подготвениот проект од ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година и да заштедите и време и пари.

Во декември токму од Прилеп, Заев изјави дека се трансферирале 4,5 милиони денари за изработка на главниот проект за театарот, кој што следната година требало да биде изграден! Па, ние прашуваме, што е мрднато по ова прашање во овие три и пол месеци, каде е проектот за кој биле префрлени тие пари и дали воопшто, оваа власт има намера да го започне фамозниот театар кој го ветуваат четири години? Досега ќе се изградеше мавзолеј, а не само театар, но за оваа власт градењето е мисловна именка, ама затоа, за уништувањето се експерти. Во сите области!

Како Прилепчани горди сме на ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“, патем кого СДСМ го избриша од субјект, кој со своите маестрални настапи и многубројни претстави, е еден од најдобрите во земјава.

Денес на светскиот ден на театарот има упатуваме честитки на актерите и очекуваме по пандемијата да продолжиме да уживаме во нивните перформанси.

Со ВМРО-ДПМНЕ ќе го вратиме препознатливиот сјај на културно поле во Прилеп. Културата и уметноста ќе бидат наш приоритет“, рече Тунески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи