Прилепчанката Талија Петреска го освои третото место на трката од 26 км. на планинскиот маратон, кој се одржа по 4-ти пат, – „Водно-Матка Треилс“. Оваа планинска трка се одвива низ најубавите шумски појаси на планината Водно и ти ги нуди најатрактивните погледи на мистичниот Кањон Матка. Висинското искачување е 1.650 метри.
Првото место го освои Снежана Ѓуриќ од Србија, а со среброто се заките Сандра Арсовска од Скопје.
Инаку – „Водно-Матка Треилс“ имаше уште една подолга трка на 42 км.