Вечерва на Могилата во Прилеп по се изгледа „заборавиле“ да ги запалат светилките откако ги исклучиле за вчерашниот EarthHour. Се разбира дека ова за жал е шега! Целиот парк каде се наоѓаат Спомениците и криптата, каде пак почиваат останките на над 600 партизани од Прилеп кои својот живот го дадоа во НОБ за слобода на Македонија е во тотален мрак веќе подолг период. Осветлувањето е комплетно уништено и не функционира, а жално е и тоа што никој веќе подолг период нема намера истото да го среди.
Исто така испукани и искршени се постаменти на бистите во Алејата на Народните херои и раскопани се патеките кои водат до нив. Распукана е и самата крипта.
Инаку Паркот на Револуцијата е Меморијален комплекс изграден е далечната 1961 година, а негов автор е српскиот архитект Богдан Богдановиќ.
Гордоста на Прилеп и партизаните кои го дадоа својот живот за оваа слобода која ја имаме денес не го заслужуваат ова!