Прилепчани денес уживаа на пролетното сонце и во пријатната топла температура која достигна и до 17 степени на најблиското излетничко место до Прилеп, вештачкото езеро каде што се гради и велосипедска патека.
Мораме да напоменеме дека и покрај зголемената фреквенција на прилепското езеро, се забележуваше дека излетниците се дружеја во кругот на своето семејство, без собирање во поголеми групи.
Ви препорачуваме следното кафе да си го испиете на раат, во природа, без големи собиранки и почитување на мерките за заштита од корона вирусот. И ова ќе помине!