На 26.03.2021 околу 21.40 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево е приведен Н.Х.Л. (22) од Скопје, кој управувал патничко возило „хјундаи тусон“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при обид за негово запирање, пријавениот движејќи се со голема брзина ги довел во опасност полициските службенци, а потоа при приведувањето, физички ги нападнал. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.