59 новозаразени и 4 починати од корона во Прилеп

 

 

Министерството за здравство, на основа на податоците од Институтот за јавно здравје, соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на ковид-19.

По градови, бројките изгледаат вака: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.

Во истиот временски период, починале 33 лица, што е многу блиску до бројката за претходното деноноќие, односно 35 починати во петокот и саботата до пладне.

Починатите од новата статистика се: 8 пациенти од Скопје (85 г.,82 г.,78 г.,76 г.,75 г.,74 г.,45 г.,39 г.), по 4 пациенти од Прилеп (71 г.,70 г.,70 г.,64 г.) и Куманово (81 г.,69 г.,62 г.,56 г.), 3 пациенти од Кавадарци (70 г.,67 г.,58 г.), по 2 пациенти од Гостивар (67 г.,64 г.), Битола (75 г.,67 г.), Велес (71 г.,51 г.) и Неготино (73 г.,71 г.) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59 г.), Охрид (70 г.), Кочани (74 г.), Кичево (74 г.), Гевгелија (66 г.) и Берово (69 г.). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 615.457 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи