Американски истититут предвидува околу 6 илјади смртни случаи од корона до јули во Македонија

 

Американскиот Институт за здравствени проценки АХМЕ (Institute for Health Metrics and Evaluation), покажува дека бројот на починати од корона вирусот во Македонија, до почетокот на јули, би можело да се искачи на близу 6.000 лица.

Институтот предвидува три сценарија – најцрно, сценарио со масовно носење на маски и средно сценарио кое е всушност линијата по која Македонија сега се движи. Според сегашното средно сценарио, Македонија може да очекува над 5,700 жртви од епидемијата до 30 јуни. Оптимистичкото сценарио предвидува околу 5,270 жртви до овој период, додека според најцрното сценарио – на крајот на јуни ќе надминеме 3,000 жртви, проценува институтот АХМЕ.

Проекциите предвидуваат бројот на починати во текот на април да се приближат до 50-ина дневно, а според проценките на институтот, состојбата би се подобрила на крајот на април.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи