Албански медиум објави информација дека преку ред вакцинација обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби. Во веста се вели:
„За Македонија се шпекулира дека ВИП вакцинацијата е обезбедена преку министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби“. Понатаму, информира дека „Македонија е земја каде и покрај бројните ветувања за започнување на вакцинациите во јануари, февруари и март, владата и Министерството за здравство обезбедија само 3.000 вакцини од Русија и претходно добија донација од 8.000 вакцини од Србија, поради што е меѓу последните земји во Европа според бројот на вакцинирани лица“.
Владата ја демантира информацијата објавена утрово на албанскиот портал дека ВИП-вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби.
„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, велат од владата.
Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата. pic.twitter.com/bWJ4WXGTMU
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) March 29, 2021
Демант на информацијата објави и министерката за образование, Мила Царовска на нејзиниот Фејсбук профил.