Дренажните канали во Могила се во завршна фаза на изградба

 

Претставници на ЕУ Делегацијата во Скопје, соодветното JTS тело и Министерството за локална самоуправа беа во посета на Општина Могила и во мониторинг на реализацијата на проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“. Имено делегацијата заедно со претставници на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп кој го реализира овој проект и со градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска и нејзиниот тим беа во посета на дренажните канали кои се во завршна фаза на изградба.

Дренажните канали се со вкупна должина од 6 километри, во општина Могила и општина Малиќ во Република Албанија која е партнер општина во овој проект, се еден од најважните делови на проектот. Каналите се од огромно значење за месното население и помагаат за спречување на поплавите. Во Општина Могила каналите се градат во селата Трап и Будаково и ќе значат решавање на проблемот со поплави кога ќе има зголемени количини на вода. Всушност со изградбата на овие канали ќе се подобри јавната инфраструктура подложна на поплави за да се обезбеди заштита на земјоделските површини и живеалишта.

Покрај каналите за пресретнување на проблемите кои ги носат поплавите во завршна фаза е подготовката на Акциониот план за спречување на поплави. Следно што ќе биде направено во рамките на овој проект, а е во функција на спречување на поплави е воспоставување дигитална платформа за рано предупредување за поплави.

Проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива,DMO, Општина Могила и Општина Малиќе финансиран од IPA 2, Прекугранична соработка: Република Северна Македонија – Република Албанија, распределба 2016-2017и до крајот на оваа година продолжува со своите активности во општините Могила и Малиќ за решавање на проблемите со поплави во истите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи