По неколку часовни разговори за актуелните прашања во државата, премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се договориле да го одложат пописот за септември годинава, соопшти Мицкоски.
„Попишувачите во наредниот период ќе се вакцинираат, по што пописот наместо според предвиденото на 1ви април се одложува за 5ти септември“, изјави Мицкоски.