Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа каков е неговиот коментар бидејќи бројни македонци заминаа на вакцинација во Србија кажува дека не се чувствува пријатно.
„Непријатно е чувството, исто како што реагираат граѓаните на социјалните мрежи, но немаме против како Влада, државјаните да одат да се вакцинираaт во друга земја“, изјави премиерот Зоран Заев.
Тој ја поздравува одлуката на пријателска Србија да помогне во имунизацијата и потенцира дека вакцините не треба да се фрлаат.
„Направивме се за да набавиме вакцини и затоа ќе имаме повеќе од планираното“, истакна Заев.