Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во соопштение го потенцира ставот дека ваквата средба на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија би имала смисла единствено ако тие конечно се договорат за носење на долгоочекуваната Македонска народна платформа, како пандан на Тиранската – околу која, во иднина, би се обединил целиот конститутивен македонски народ.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Ја истакнуваме суштинската потреба од носење наваква стратегиска Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државницрвени линии – на внатрешен и на надворешен план – а кои ќе пружаат заштита и сигурност на македонските граѓани од великоалбанските и великобугарските национал-шовинистички претензии, кои денес се повампирени поради сервилноста на Владата на Заев.
Предлагаме оваа Македонска платформа задолжително да ги содржи овие пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои, во иднина, би биле непреговорливи во процесот на ЕУ интеграции, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициони влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи:
-
Се гарантира унитарноста на Република Македонија и се осуетуваат сите обиди за нејзина идна кантонизацијаили федерализација;
-
Се потврдува секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања;
-
Се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и ќе се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на било кое малцинство;
-
Се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна); и
-
Се става мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со било кој и било каде (име, јазик, култура, историја, националенидентитети сл.)“, велат од Левица.