Пулмолог Докиќ: Носете 2 хируршки маски или една КН95 маска

 

 

Пулмологот Докиќ во врска со тоа какви какви маски е најдобро да се носат поради побрзото ширење на британскиот сој кажа дека најдобро е носење на 2 хируршки маски или пак една КН95 маска.

„Овој сој се шири полесно бидејќи има мутација на спајк протеинот, со кој вирусот навлегува во клетката домаќин. Ова настанува кај неколку соеви, меѓутоа пациентите поради таа мутација може полесно да заболат од овој вирус, па заштита можеби треба да се зголеми за еден чекор повеќе. Секако тука се средствата за дезинфекција, дистанцата и евентуално носење две хируршки маски или една КН95. Подобро е да бидете посериозни во претпазливоста, а не да ги занемарувате мерките за заштита“, кажа Докиќ.

Докиќ зборуваше и вакцините и ги увери граѓаните да не се плашат, бидејќи секоја вакцина пред регистрацијата дава сериозни докази дека е безбедна.

„Секоја вакцина има несакани ефекти, но пред да се регистрира мора да се дадат сериозни докази дека делува и дека е безбедна. Ревизијата за безбедност покажа дека вакцините се безбедни. Може да се каже дека има нус појави но тоа се благи симптоми како болки во телото, малаксаност, болки во раката“, вели д-р Докиќ.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи