Хрватска е држава на Балканскиот Полуостров која е географски сместена на раскрсницата на патиштата за Средна Европа и Средоземјето. Главниот град на Хрватска е Загреб. Граничи со Словенија и Унгарија на север, со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на исток. Го зазема најголемиот дел на источниот брег на Јадранско Море.
Хрватскиот Јадран е најблиското топло море за многу Европејци, а исто така е и едно од најубавите. Брегот, вклучително и островите, е долг 5.700 км и е едно од најоддалечените брегови на Медитеранот, а со своите 1.185 острови, островчиња со право го брани своето име земјата на илјада острови.
Погледнете го видеото и уживајте во прекрасните глетки.